Животна училница // Приказни
„Лесно е да се мрази и уништува. Да се гради и да се сака е многу потешко“: Моќни мисли на кралицата Елизабета Втора
Кралицата Елизабета Втора почина вчера, оставајќи ја Велика Британија и голем дел од светот во жалост. Таа беше монархот со најдолго
владеење во историјата и ќе остане запаметена како исклучително посветена
личност, водена од нејзиното чувство за должност и чест.
Голем лидер, обединувач на нацијата, мајка, баба, жена која поминала многу. Елизабета Втора е сето тоа и повеќе. Како некој со толку животно искуство, таа остави и многу мудри зборови кои генерациите ќе ги цитираат години по нејзината смрт.
Ве пoтсетуваме на 10 од нејзините најмудри мисли. Зборови кои заслужуваат да се прочитаат и разберат!
„Кога животот изгледа тежок, храбрите нема да легнат и да го прифатат поразот. Наместо тоа, тие се‘ уште порешителни да се борат за подобра иднина“.
„Отсекогаш било лесно да се мрази и уништи. Да се гради и да се сака е многу потешко“.
„Вистинската мерка на сите наши постапки е колку долго трае доброто во нив. Сè што правиме, го правиме за младите“.
Добрите спомени се нашата втора шанса за среќа“.
„Страдањето е цената што ја плаќаме за љубовта.
„Да не се сфаќаме премногу сериозно. Никој од нас нема монопол на мудроста“.
„Семејството не мора да значи крвно сродство. Тоа е често заедница, организација или нација“.
„Создавањето мир отсекогаш била најтешката форма на лидерство.
„Можеби имаме свои разлики, но во време на искушенија и тешкотии, најмногу ни треба потсетувањето дека има повеќе што не‘ обединува отколку што не‘ разделува.
„Светот не е најубавото место. На крајот, твоите родители те оставаат и никој нема да тргне од својот пат да те заштити безусловно. Затоа, мора да научите да се залагате за себе и за она во што верувате. Понекогаш, ве молам, простете ми на јазикот, морате да удрите некого позади“.
Фото: Профимедиа