„Лета кеш“ во Солун на свежи ракчиња: По Холандија, Германија и Чешка, пејачката Адријана Ацевска ужива во Грција

Пејачката Адријана Ацевска дефинитивно ужива во патувањата, што може да се забележи од фотографиите кои често ги постира на својот Инстаграм профил. Последните месеци уживаше во убавините на Македонија, Танзанија, Австрија, Хрватска, Чешка, Холандија, Германија и ред други дестинации.


А последниов период ужива под сонцето на Солун, на прекрасна локација. Покрај убавините на Грција, Адријана откри дека ужива во грчката паста со свежи ракчиња која е вистински деликатес за љубителите на морската храна.


Фото:Инстаграм