„Летајте сега заедно“: Фолк пејачот Марјан Коцев со тажна објава

Добивај вести на Viber

Познатиот фолк пејач Марјан Коцев, викендов сподели тажна вест.

Имено, на социјалните мрежи се прости од неговиот татко.

„Сега пак сте заедно, а нас многу ни фалите! Фала ви за сѐ!!!! - Напиша Коцев на Инстаграм споделувајќи фотографија од неговите родители.


Марјан Коцев е фолкерот кој долги години опстојува на македонската естрада, а без неговите хитови не може да помине ниту една веселба во Македонија.

„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ се песните на кои мора да се стане и да се заигра каде и да сте.

Освен во Македонија, пејачот е чест гостин на настапи во дијаспората.


ФОТО: Принтскрин инстаграм