Лила замина од Македонија, отиде да го посети градот каде што се родила

Добивај вести на Viber

По новогодишните празници, најпознатата водителка кај нас Лила Филиповска, замина во Шведска.

Всушност, таа отиде на гости кај нејзината сестра, а за тоа сама се пофали на социјалните мрежи.

Стартот на новата 2023 , водителката реши да го искористи и да го посети местото каде што се родила.

„Кога после години ќе се вратиш во градот каде што си се родил…кога го препознаваш секое ќоше а истовремено ти изгледа ко прв пат да го гледаш, кога доаѓаш како турист а всушност си дома …. здраво Гетеборг “ - напиша Лила на Инстаграм.

Друштво и прави синот Филип, а таму ќе дружи со семејството и внуките.

View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)



FOTO: Instagram