Lili Fantasy, уметничко дело! Совршената средба помеѓу гума за џвакање, јасмин апсолут и килибар!

Добивај вести на Viber

Lili Fantasy, уметничко дело!

“За оваа најнова композиција, ја замислив Juliette безгрижна, како меурче од шампањско, непромислена и непослушна. Хероина која има вкус за секое задоволство: примамливо како низа раскошни слатки, таа е таа која го води танцот... Мирисот, екстравагантен коктел од бели цветови и килибарни ноти, зачинет со гурмански пресврт чие име не можеме да го изговориме”.- Romano Ricci

Се вели дека зад кадифените завеси се случуваат најнеобичните приеми во градот. Нивната домаќинка, кралицата на париските ноќи поканува своја селекција на гости кои ќе сведочат на спектаклот на нејзините фантазии. Под сјајот на лустерите, среде пенливиот шампањ и дијаманти, таа танцува брзо во ритамот на нејзиното срце. Единственото правило на нејзините гости е: дека нема правила. Доколку некогаш бидете поканети, не заборавајте да ја облечете својата најубава облека и да бидете ништо помалку од прекрасни! 

Гласините се дека Juliette, нашата омилена кралица на Париските ноќи, крие тајна. Таа има име. Lili Fantasy. Скандалозен мирис, интригантен букет од бели цветови, ноти на килибар со нежна доза намирис на гума за џвакање.

Шишето што го содржи нашиот енигматичен еликсир е неверојатно забележливо. Се вели дека овој скапоцен камен во виолетово, ја открива својата боја низ транспарентноста. 

Извезено во сребрена нијанса, конечно го изговара своето име ...

Lily Fantasy. 

Гласините се потврдени. А сепак, вистинскиот идентитет на кралицата останува мистерија.


ПР објава