Судбинска средба: Љубовната приказна на Лиса и Бени Шаќири

Добивај вести на Viber

Популарниот музичар Бени Шаќири во една прилика раскажа за првата средба со неговата сопруга Лиса, правник која неколку години е дел од невладината организација „Златна рипка“.

- Се запознавме на една заедничка свадба на која ниту јас имав намера да одам, а подоцна дознав дека и неа требало да ја убедуваат. Благодарен сум му на Бога што двајцата родителите нè однесоа таму - откри Бени.

За кратко време сфатил дека конечно се појавила во неговиот живот вистинската жена за која изјави дека има огромно срце и дека ги поседува сите квалитети што него го прават среќен.