Љубовната приказна на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ: „Не планирав да се вратам во Србија, но потоа сѐ се промени“

Денес имаат три деца и се пример за семејните вредности

Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ важат за еден од најкомпатибилните парови на српската јавна сцена.

Тие двајца неодамна добија трето дете, ќерката Анѓелина, а се‘ започнало уште во 2010 година кога и двајцата учествуваа во „Surivouru“. 

Бојана претходно со години градеше успешна манекенска кариера далеку од Србија, но судбината ја поврза со Роквиќ. 

„Верувам во судбински врски, јас сум малку фаталист во врска со тоа. Кога продукцијата ги повика учесниците за првата селекција, јас воопшто не требаше да бидам во Србија, ниту пак бев во нашата земја во тоа време во изминатите седум години. Потоа дојде свадбата на мојот пријател, на која решив да отидам во последен момент. Продукцијата дозна дека сум таму, па ме повикаа. Имав работа во Лос Анџелес, па не бев сигурна дали ќе можам да одговорам, но сепак се наместија работите, па јас влегов во шоуто. Добро е кажано дека не можете да го избегнете она што ви е предодредено. Во тој период воопшто не ми беше целта да се вратам во Србија, сепак – сѐ испадна поинаку“, изјави во една прилика Бојана. 

Пејачот не крие дека манекенката му го променила животот.

„Тоа беше возбудлива авантура. Од тој момент животот ми тргна во сосема поинаква насока“, додаде Никола во 2017 година за „Hello “.

Бојана пак во една прилика истакна дека Никола веднаш ѝ се допаднал. 

„Се сеќавам дека на почетокот беше фин со мене, добар, директен, ненаметлив и смешен. Тој ја задржа истата смисла за хумор до ден-денес. Она што најмногу ме потсетува на почетокот е тоа одредено чувство и енергија што цело време течеше меѓу нас“.

Нивната венчавка се одржа шест години подоцна во манастир. 

„Тој ден, час и момент... Се заколнавме на вечна љубов пред Бога, под крилата на Белиот ангел, ќе ми остане завет што ќе го чувам додека дишам“, напиша Никола на социјалните мрежи тогаш.

Инаку, по синот Симеон и ќерката Леона, Бојана во јануари ја роди и малата Анѓелина.


Фото: Youtube - screenshoot - Venčanje od A do DA

Извор: нова

Сопругата на Никола Роквиќ покажа како изгледа два месеци после породувањето: Како е можно ова? (ФОТО)