ЉУБОВТА СО ЉУБОВ СЕ ВРАЌА: Влатко Лозано ги израдува најмладите фанови во Маврово
Влатко Лозаноски-Лозано вели дека дружбата со неговата најмала публика го прави најсреќен. „Љубовта со љубов се враќа“, вели поп-пејачот по средбата со децата од кампот „Шарено лето“ во Маврово.
Летувањето за децата кои живеат во социјален ризик, втора година по ред бесплатно го организира здружението „Проект среќа“. Лозано во договор со неговата колешка, Кристина Арнаудова која е претседател на здружението замина во Маврово за да се дружи со посетителите на кампот.
„ Среќен сум што со моето присуство за миг ги направив и нив среќни. Посебно ме погоди нивната приказна, поединечно за секое дете и верувам дека со овој проект тие приказни ќе бидат исполнети само со среќа, љубов, смеа и сигурност. Се надевам дека ќе се разбуди свеста повеќе кај луѓето дека постојат и вакви случаи. На децата им е потребно внимание и со тоа ќе им докажеме на овие прекрасни ангелчиња дека и тие вредат на овој свет, дека се подеднакво важни како и сите останати“, ни изјави Лозано.
„ Љубовта со љубов се враќа, јас сум сега многу посреќен и поисполнет поради нивната позитивна енергија и искрена љубов која ја добив само за миг“, додаде пејачот кој е актуелен со хитот „Јако, јако“, и спотот кој го снимаше во Кушадаси, Турција. За децата во Маврово, тој направи мини забава, пеејќи ги своите најголеми хитови.
М.Џаровска