Љупка Митрова подарува три фустани од нејзиниот гардеробер за матурантки: Гест за пофалба

Добивај вести на Viber

Освен што е згодна струмичанката Љупка Митрова знае да биде и хумана.

Во пресрет на матурските прослави таа реши да израдува три матурантки со фустани лично од нејзиниот гардеробер.

Според она што го напиша на социјалните мрежи рангирањето на добитничките ќе биде по принципот прво пријавени + финансиски можности.

„Матурантки!
И оваа година, подарувам 3 прекрасни фустани од мојот гардеробер за Вашата матурска вечер.
Рангирањето на добитничките е по принципот прво пријавени + финансиски можности.
Ве молам пишете ми во ДМ најдоцна до 3. мај.
Наведете и кои фустани по редослед ви се допаѓаат, нпр. 2, 1, 3.
Фустаните ќе ги испратам на добитничките бесплатно низ цела МК.
Тагнете другарка и ДМ“ - напиша инфлуенсерката Митрова на Инстаграм покрај видеото кое го објави со фустаните во кои позира самата таа.

View this post on Instagram

A post shared by Ljupka MITROVA  (@ljupka_mitrova)

Доколку сакате да си добиете фустан од Љупка за вашата матурска вечер, следете ги правилата погоре.