Лоба потресена за случајот со Онкологија: Со овој ангел учев средно, ќе одговарате за сите монструозни злосторства кои ги направивте за профит

Добивај вести на Viber

По големиот скандал со клиниката за Онкологија, кој ја потресе државата, секојдневно се редат потресни статуси, на блиски кои биле жртви на ракот, но и на такви кои лично ја поминале таа битка. 

Овој пат се огласи и познатата пејачка Викторија Лоба, која напиша неколку потресни зборови за нејзината другарка од средношколските клупи, Ана.

- Со овој ангел учев четири години средно. Најмила Ана. Сега кога се одмотува клопчето, че одговарате за сите монструозни злосторства кои ги направивте за профит. Крадци, убијци, нелуѓе- напиша Лоба на нејзината фотографија.