Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија “Океани” (ВИДЕО)
Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на улиците во Ново Лисиче и после толку време решија да влезат во студио и да создадат музичко ремек-дело, кое по се изгледа ќе остане запишано во аналите на македонската музичка историја.
Марко Маринковиќ или познат како Слаткар и близнаците од дуото Некст Тајм ја објавија нивната прва музичка соработка со наслов “Океани”.
За помалку од 20 часа песната е една од најслушаните во овој момент во нашата држава според статистиката на музичката платформа Јутјуб.
Позади овој проект стојат многу луѓе, но најзаслужните за ова да звучи така како што звучи се Слаткар и Лазар Цветкоски кои се потпишуваат како автори на музиката, текстот е дело на Стефан, Лазар и Слаткар, а аранжманот пак е заслуга на Лазар.
„Песната ја работевме година ипол, две. Излезе една фина и емотивна песна. Со близнаците се познаваме цели 31, 32 години и дури сега се споивме. Дури сега најдовме начин како да ги споиме нашите музики. Чудно е, тешко се спојуваат ама успеавме сите заедно и нормално со Лаки кој е мајстор” - изјави познатиот рапер Слаткар.
Ниту момците од Некст Тајм не го криеја задоволството од крајниот резултат.
„Мислиме дека создадовме одлично музичко дело, песна што веруваме дека ќе остане. Тоа е за нас најважно, да имаме што да оставиме на генерациите кои доаѓаат” - куси беа познатите муичари.
За “Океани” се сними и видеоспот кој го режираше токму Мартин од Некст Тајм, додека Кристијан Теодоров беше задолжен за камерата. Спотот е снимен на неколку локации, а главни актери се тројцата другари од Ново Лисиче.