Луѓе ширум светот ги красат своите прозорци со срца и пораки за надеж

Илјадници луѓе ширум светот кои се во самоизолација, следејќи ги мерките за социјално дистанцирање за спречување на ширењето на коронавирусот, за соседите оставаат пораки за надеж и шират љубов, украсувајќи ги прозорците на нивните домови.


Џозефин (5) и Нора (2) гледаат низ прозорецот излепен со виножито од срца, во Мичиген. Нивната мајка, Џена Веб, рече дека тоа е за да им „донесе љубов и радост на оние кои мораат да работат“ во нивното соседство.


Прозорецот на Џејмс, во Нанаимо, Британска Колумбија.


Нора Сибелс стои пред нејзината врата украсена со хартиени срца, во Норфолк, Вирџинија

Декорациите на Шамрок ги исполнуваат прозорците на домот во Атланта.

Осумгодишните Оливија и Кристофер, покрај нивните цртежи на виножитo во Норвешка.

Елизабет Рејнолдс и нејзиното 2-годишно дете го насликаа прозорецот на нивниот дом со разнобојни срца во Британска Колумбија.


Овие и уште многу други слики се објавуваат во фејсбук групата Hearts in the Window  каде се сполотуваат луѓе од целиот свет, ширејќи позитивна енергија, надеж и креативни прозорци.