Маестро Александар Џамбазов доби мурал во Дебар Маало

Добивај вести на Viber

Македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, доби мурал во Скопје.

Муралот на македонскиот доајен го краси ѕидот на улица Орце Николов во Дебар Маало.

Уметничкиот потфат е дело на уметниците Драган Китановски -Драш и Марјан Димиќ –Мачка и е своевидно потсетување на музичкиот опус на македонскиот диригент, текстописец, композитор и основач на детскиот фестивал „Златко Славејче“.

Фото: Фејсбук Општина Центар