Маја Гроздановска Панчева блесна во розов фустан на „Оскаровската гала вечер“: Отпеа безвременски филмски дует
Македонските познати ѕвезди вчеравечер беа дел од првата „Оскаровска гала вечер во НОБ“ кои потсетија на безвременските светски хитови, од познати филмови кои се влезени во категоријата филмски евергрин.
Маја Гроздановска Панчева беше дел од концертот која во дует со Горан Нуамовски ја отпеаа песната „The Time of my life“, саудтрак од филмот „Dirrt Dancing“.
Маја блесна во розов фустан во долниот дел е всушност кус фустан, кој од страна и во задниот дел има долг розов тул, додека горниот дел е со корсет. Маја за оваа пригода одбала и чевли со иста боја.
Помалата ќерка на Маја и Дарко, Марија сподели фотографија од нејзината мајка и напиа: „Најубвата мајка“.
Песната е отпеана во 1987 година и има освоено голем број награди, меѓу кои и Оскар за најдобра оригинална песна, награда Златен глобус за најдобра оригинална песна и Греми награда за најдобра поп изведба на дуо или група со вокал.
Фото: Инстаграм