Маја овој септември сите 11 деца ги испрати во школо: Сопругот ѝ починал, таа турка напред сама

Добивај вести на Viber

Маја Ковачевиќ од селото Врдила кај Краљево има 11 деца. Од 2018 година кога почина нејзиниот сопруг Радиша, таа сама се грижи за сите. Колку е трудот покажува и фактот што понекогаш јадат и до 30 јајца за појадок.

„Кога ќе заспијат, обавезно ги посетувам. Прво ги бројам, а кога ќе се уверам дека се сите таму и кога ќе видам колку безгрижно и слатко спијат, сфаќам колку имам среќа“, вели Маја и додава дека тогаш многу често молчејќи се брои дали во текот на денот згрешила за некое дете, како и дали е добар родител.

Првиот училишен ден, воедно и омилениот ден на сите родители, но и на децата кои брзаат да се сретнат со своите другари, претставува посебна возбуда во секој дом и бара одредени подготовки. Но, во домот на Маја Ковачевиќ, самохрана мајка на единаесет деца, оваа година има посебно значење затоа што на втори септември сите нејзини деца тргнале на училиште, а едно на факултет.

Како што раскажува оваа храбра мајка за српски Телеграф деновите на подготовка за 2 септември поминале набрзина, а годинава најмладиот син Ѓорѓе тргнал во прво одделение.

- Годинава сите деца тргнаа на училиште, дури и најмалиот, Ѓорѓе. Сите беа толку среќни и радосни. Подготовките за првиот училишен ден минаа набрзина, но фала богу завршивме се на време - вели Маја.

Организирањето на заминување и враќање од училиште не и е лесно на оваа богата мама, но, како што вели, сите некако се навикнале, а обврските не смеат да трпат и мора да се завршат.

- Па, сите се навикнавме и се подготвивме. Многу е убаво кога сме сите дома, но има обврски. Децата до осмо одделение сите одат пред пладне, а попладне сите сме слободни. Два сина живеат во Врњачка бања во работните денови бидејќи таму одат во средно училиште. Оваа година и најстарата ќерка почнува на факултет - вели Маја.

Самотијата додека се на училиште, вели, и помага да ги заврши домашните работи, но и кога е полна куќата секој си има свои обврски и со заеднички сили работата брзо се завршува.

- Некогаш е полесно кога се на училиште за да можам да се посветам на некои обврски и задолженија низ домот, иако ние дома, бидејќи сме повеќе, имаме свои обврски. Што се однесува до можноста да пишувам книги или нешто поврзано со работата што ја работам, навистина е некако полесно, но и чудно е затоа што сум навикната некој секогаш да е тука – истакнува Маја за Телеграф.рс.

Кога сите одат на училиште, оваа вредна и пожртвувана мајка тргнува во акција - ја чисти куќата, ги става алиштата и садовите за перење и подготвува храна, но, истакнува, дека тоа не претставува ништо комплицирано за неа.

- Па кога сите ќе заминат, јас го собирам расфрланото, ја вклучувам машината за перење, машината за миење садови и потоа подготвувам нешто за ручек. Во суштина, ништо комплицирано, ниту напорно. Имам време и да седнам да прочитам нешто и да подготвам нова книга што ќе излезе во октомври. Пред неколку дена излезе нашата песна напишана од Владика Николај - „Гладен човек“. Се работи за песна посветена на сиромашните, болните, тажните и напуштените, како апел и желба сите да се трудиме да бидеме добри луѓе, и да си помагаме и да шириме љубов - изјави Маја на крајот за Телеграф.


ФОТО: Фејсбук