Мајката на Тамара Тодевска го прослави 73-иот роденден: Насмевките на Хана и Дарен кажуваат сè
Неодамна пејачката Тамара Тодевска на Инстаграм стори сподели црно-бела фотографија од нејзините родители, која сигурно е направена пред 30-40 години. Според неа, може да се каже дека печајката го зела најдоброто и од татко ѝ Велко и од мајка ѝ Брана.
Но, вчеравечер Тамара, откако објави дека се враќа од Белград каде беше неколку дена за да ја поддржи сестра си Тијана, која се натпреваруваше за изборот на песна која ќе ја претставува Србија на Евровизија, објави стори на кое се Хана и Дарен со баба Брана со убава црвено- бела торта.
„Среќен роденден баби наша, да си ни жива и здрава“, напиша Тамара на објавата.
Насмевките на двете деца на пејачката и на нејзината мајка зборуваат за убаво поминатиот 73-ти роденден на баба Брана, но исто така од фоткава може да се заклучи дека Тамара ја наследила намевката од мајка си, а Хана од неа.
Фото: Инстаграм - Тамара Тодевска
Фото насловна: Вангел Тануровски
Ти да не беше немаше да ме има ни мене: Тамара емотивно за сестра си Тијана