Мајка ми плачеше седум дена кога дозна дека сум инвалид: Потресна животна приказна на Невена Гајиќ

Добивај вести на Viber

Она што најмногу ја боли ова жена е тоа што не може да отиде на гробот на мајка си. Целебрална паразлиза, но можеби. Ова е дизајгнозата која лекарите ѝ ја воспоставија на Невена Гајиќ (39) од Белград веднаш по раѓањето. 

Лекарите, на нејзината мајка ѝ рекле дека родила дете со телесен инвалидитет и дека во таа состојба ќе остане додека е жива.

„Можете ли да го замислите чувството, жена да плаче седум дена и седум ноќи, солзите да не престанат затоа што нејзиното дете е различно од другите“, раскажува соговорникот за српскиот сајт „Еспресо“.

Невена и денес, по толку поминати години, својата мајка ја смета за светица. „Да, таа е за мене светица. Подобра мајка не можев да имам. Се сеќавам, кога бев мала колку таа беше тажна кога добов инвалидска количка. Не можеше да се помири со тоа затоа што јас и без неа, низ детството некако се движев“, раскажува Невена.

Фото: Фејбсук на невена Гајиќ 

„ Имав едно дрвено столче без потпирач, и на него се потпирав кога одев. Подоцна добив количка и почнав да губам на тежина, нешто поради кое мојата мајка многу патеше“, вели Невена која завршила специјално основно училиште на рехабилитација во едно градче на границата на Србија со Црна Гора.

Кога го завршила основното училиште, таа се вратила во семејната куќа во Белград и таму поминала само осум месеци, затоа што мајка ѝ брзо по нејзиното враќање починала. 

„Мајка ми почина во 1994 година од канцер на дебелото црево. Кога си замина таа, сѐ се распадна. После тие неколку месеци бев избркана од нашата куќа, во дом за стари лица во Рума. Замислете, избркаа од дома девојче од 17 години, сѐ уште малолетно, во дом за стари лица“, раскажува Невена. Таа вели дека за тоа што завршила во тој дом е заслужен нејзиниот покоен татко.

„Не сакаше да ја превземе грижата за мене. Се вадеше на тоа дека не може да ме негува, дека околу мене има многу работа“.

Таткото починал пред две години. Во домот за стари лица, Невена поминала шест години, а сега е сместена во Домот за возрасни лца со инвалидитет во Белград. Во малата соба, во своите четири ѕида во ова институција таа живее веќе 18 години. 

Како што вели, од што е болна, никогаш точно не дознала. Сепак, знае дека за неа нема лек и со тоа живее седум дена во неделата, 24 часа во денот. Никој од членовите на семејството не ја посетува. 

Со нејзиниот брат последен пат се слушнала на Скајп, пред 10 години и тој никогаш не ѝ понудил да живее со него. Она што најмногу ја боли е тоа што не може да го посети гробот на својата мајка.

„На погребот на мајка ми не бев, затоа што татко ми тоа не го дозволи. Тоа најмногу ме боли и иако ја нема, нејзината душа и понатаму е со мене. А татко ми? По него не жалам. Со години ја малтретитраше мајка ми, а од него сѐ уште ја имам лузната на главата. Еднаш ме удри, ме фрли на подот и тоа не можам да го заборавам“, вели Невена. 

Секој ден ѝ почнува со сеќавање на мајка ѝ, а ја крепат дружбите со луѓето од домот. На Фејсбук, таа нашла пријатели за кои вели дека ѝ се како семејство, а некои од нив ја посетуваат.