Мајка откри необичен метод: Бананата може да ги излечи проблемите со спиењето кај децата?

Што велите - се имате ли обидено со ова?

Проблемот со спиењето на тригодишно момче се решил на многу необичен начин - со помош на банана.

Мајката во еден момент потполно изгубила надеж дека момчето ќе може убаво да се одмори во текот на ноќта.

Арон е роден 14 недели пред терминот и на секој еден час го хранеле во болница. Тие непроспиени ноќи продолжиле дури и по четвртиот месец, кога момчето заминало дома.

Се будел врескајќи, плачејќи и со страв од разни чудовишта. Бил исцрпен, исто како и неговите родителите.

Тие се обиделе со сè - музика за смирување, лесно осветлување, целосна тишина. Ги промениле и декорациите во собата. Ништо не помагало. На сето ова, момчето го пиел и хормонот мелатонин, но ништо од тоа не помогнало.

Во еден момент мајката Меријен стапила во контакт со специјалист за спиење. Половина банана пред спиење бил едноставниот совет.

Мајката го прифатила ова и се случило нешто невообичаено - Арон спиел од 8 попладне до 7 часот следното утро. И така секој нареден ден...

Како делува бананата?

Таа содржи хранливи материи и минерали кои ни помагаат да се опуштиме. Тие се добар извор на магнезиум и калиум, кои ги релаксираат мускулите. Исто така, содржи триптофан, кој телото го претвора во серотонин, а потоа во меланин, кој помага при спиењето. Сепак, имајте на ум дека не постојат јасни докази дека типтофанот во храната помага при спиење.

Порталот „Made for mums“ спроведе истражување за тоа дали половина од забраната пред спиење им помага и на другите родители.

Одговорите беа различни. Постојат родители кои се воодушевени од оваа идеја и чии деца спијат како бебиња, но има и такви чии деца јадат многу банани, но сепак се будат многу пати во текот на ноќта.

фото: Shutterstock

Извор: yumama.com