Мајката на Бред Пит: Никогаш нема да ѝ прости на Анџелина Џоли

Добивај вести на Viber

Бред Пит и Анџелина Џоли ќе бидат запишани во историјата на шоу-бизнисот како пар кој имал бурен почеток (ја изневерил и ја напуштил Jенифер Анистон поради неа), но и уште побурен развод за кој се зборува повеќе години.

Преку бурен развод, неговата најголема поддршка ја дава неговата мајка Џeјн Пит, која според странските медиуми веќе подолго време не ја поднесува Анџелина Џоли и мисли дека судските пресуди за старателството на децата не се коректни.

- Џејн е тврда карпа и никогаш нема да и прости на Анџелина за се што помина нејзиното семејство, особено затоа што Бред не ги гледа децата онолку колку што треба- наведува извор за странски медиуми.

Џејн Пит (80), всушност, ја обвинува Анџелина затоа што, како што верува, му го уништила животот на синот и таа никогаш нема да и прости затоа што се однесувала кон него на суров и манипулативен начин. Бред Пит едвај имал никаква врска со неговите деца откако се развеле и неговата мајка не сака да остави тоа да продолжи.

Фактот што Анџелина „глуми“ грижлива мајка не работи за неа, според медиумите. Судејќи според информациите од еден извор, Анџелина ги сака сите деца само за себе и станува одмаздоубива.

- Го изгуби контактот со реалноста. Нејзиниот гнев и себичност стануваат посилни. Дури ги повикуваше луѓето во два часот наутро да се караат - вели извор близок до парот.

Нетрпеливоста отиде толку далеку што Џејн е подготвена да и одржи лекција на Анџелина, но нејзиниот син не сака таа да се меша.

- Бред неколку пати ја молеше својата мајка да не се спротивставува на Анџелина, но таа сака да ја погледне во очи и да и одржи лекција. Таа е виновна за уништување на животот на нејзиниот син и сака да добие некои одговори - објаснува изворот.

Сепак, никој од актерите во оваа приказна јавно не зборуваше за сето ова.