Мајката на исчезнатото малолетно девојче не може да зборува од шок: Емилија е се уште е во полиција, откако по 8 дена беше пронајденa кај момчето во стан

Добивај вести на Viber

Таткото на четиринаесет годишната Емилија Јовановиќ од Ќуприје, која беше пронајдена по 8 дневна потрага, за српските медиуми изјави дека се уште чекат да бидат повикани од полицијата за да си го земат детето дома. Мајката била толку возбудена што не можела да зборува од шок.

Како што пренесуваат медиумите, Белградската полиција го пронашла исчезнатото девојче од Ќуприје во станот на нејзиното момче.

- Соседите пријавиле во полиција дека најверојатно ја виделе девојката во нивната зграда. По понатамошна постапка, полицијата го пребарала теренот и ја посетила наведената локација на која го пронашла девојчето неповредено во стан на Палилула каде што престојувала со нејзиното момче З.К. (20) - вели изворот на српски Блиц.

За потсетување, Емилија исчезнала минатата недела - ноќта меѓу средата и четвртокот. Мајката секојдневно објавуваше апели за пронаоѓање на детето, а покрај полицијата и група граѓани на Ќуприја беа организирани во потрагата за девојчето.

Мајката често одела во полиција за да провери до каде е потрагата откако ја пријавила Емилија за исчената.

- Тајно излезе од дома, утрото видов дека ја нема. Моето дете го нема една недела, што да мислам, што да мисли мајка... изјави тогаш Наташа.

Како што информираше полицијата, испрашани биле сите кои имале некаква информација, вклучително и нејзините пријатели од одделението.