„Мајки со ќерки“: Катарина Ивановска и Александра Бела на женска дружба со ќерките Кира и Една

Добивај вести на Viber

Моделот Катарина Ивановска и нејзината блиска пријателка Александра Бела, сопруга на актерот Атанас Атанасовски споделија фотографија на Инстаграм која ќе остане убав спомен за кога нивните ќерки ќе бидат големи девојки.

Катарина со ќеркичката Кира, а Александара со Една на женска дружба уживаат под ладовина.

„Мајки со ќерки“, напиша моделот на фотографијата.

Маврово е честа дестинација за Катарина и нејзините две деца ќерката Кира и синот Вања. Домот во националниот парк е отворен и за нејзините блиски пријателки кои често престојуваат со децата.

Фото: Инстаграм