Македонската кандидатка од „Ѕвездите на Гранд“ ќе се мажи: Му кажа „да“ на нејзиното момче – „Пресреќна сум“

Добивај вести на Viber

Македонската кандидатка коа ги освои симпатиите на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Мелиса Зијадиќ од Лажани – Прилеп му кажа „да“ на нејзиното момче, кое и беше верна поддршка на ова шоу.

Мелиса беше една од финалистите во последната сезона од „Гранд“ заедно со останатите двајца македонски кандидати Андријана Петрушовска и Мики Секуловски.

Младата пејачка ја потврди убавата вест.

„Очекував, планиравме да се свршиме. Пресреќна сум“, изјавила Мелиса за „Гранд онлајн“.

Иако не триумфираше во финалето, Мелиса беше задоволна од успехот и од сето она што и го постигна во ова регионално музичко шоу.

Мелиса која има само 18 години, беше дел од тимот на Цеца Ражнатовиќ која со нејзиниот глас ги освојуваше симпатиите на останатите членови од жирито.

Имено, за време на натпреварот, освен семејството, најголема поддршка и беше нејзиното момче.

Фото: Инстаграм