Македонската Мишел Фајфер: Нашата е поубава, природна и единствена

Добивај вести на Viber

Таа е една од нашите најдобри изведувачки.

Со песната Само ти ми требаш ја лансираше својата кариера во височините..Песната Срца две се смета за најголемиот хит кој беше број 1 на сите македонски топ листи цел месец, и # 4 на МТВ Адриа

Дани Димитровска беше првата македонска пејачка која стигна да се запише на МТВ Адриа Топ 20 листата. Безброј хитови, многу концерти, настапи, Амбасадор на добра волја, жена со изграден стил, специфичен глас и несекојдневна убавина. Со годините и не се промени многу, скоро воопшто, па и денес изгледа неодолливо, а кога ќе погледнете во незините сини очи, ја гледате вистинската Дани- грижлива, полна со љубов и емпатија.

Дани најмногу на почетокот на нејзината кариера многу потсетуваше на светската актерска ѕвезда Мишел Фајфер, но и денес потсетува на неа. Сепак, ако се земе лицето во целост, Димитровска има правилни црти.

И двете на оваа фотографија имаат скоро исто години.

Мишел денес има 66 години и знаците на старост се присутни но убавината не ја изгубила.

Дани денес има 44 години и поубава е од било кога.


Н.Толески