Македонската пејачка во Острошки манастир го побара мирот: Лина и нејзината мајка се помолија на Свети Василиј Острошки

Добивај вести на Viber

Многу луѓе од Балканот, но и светот доаѓаат во посета на Острошки манастир за кој се верува дека светецот кому му е посветен Свети Василиј Острошки е чудотворец.

Може да се прочитаат голем број на сведоштва на луѓе кои откако дошле во манастирот и се помолиле на Свети Василиј Острошки, се случиле чуда, како партнери кое биле бездетни, стануваат родители или болни оздравуваат.

Многу македонски јавни личности досега го посетиле овој манастир. Помеѓу нив која неодамна го посети ова свето место беше младата пејачка Лина Пејовска.

„Мир“, напиша пејачката на фотографиите.

Лина во Острошкиот манастир заминала со нејзината мајка Тереза и пејачката Маја Саздановска.

Фото: Инстаграм
РЖМ