Македонската вода Пелистерка на повеќе од 20 светски пазари
Најстарата
македонска газирана вода, Пелистерка, во своето долгогодишно успешно работење
од 1953 година до денес, успеа и сеуште успева, својот препознатлив производда го пласира на
пазирите ширум Европа и светот. Во последниве неколку години, по освојувањето
на регионот, нашиот бренд најде соодветно место и на пазарите во Естонија,
Романија, Албанија, Германија, Америка, Австралија, Кина и други.
„Извезувањето македонски производ во светот е исклучително тежок и напорен процес. Со оглед на тоа дека Македонија не е дел од Европската унија, добивањето дозволи за извоз се долги, макотрпни и скапи процеси. Затоа ни е драго што сме првата македонска вода која што години наназад, својот бренд го пласира како во регионот, односно Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Црна Гора... така и во остатокот од Европа и светот. Запазувајќи ги сите потребни правила и процедури, а притоа сакајќи што повеќе да се доближиме до навиките на потрошувачите кои што не се наши локални, креативниот тим на Пелистерка константно подготвува етикети и останати промотивни материјали на јазикот на земјата во која што извезуваме. Декларации на нивниот јазик, прелепни врз нашите оригинални македонски етикети, никогаш не биле решение за нас. Етикети специјално дизајнирани и печатени за пазарите надвор од Македонија, се наш начин да искажеме почит кон нашите нови потрошувачи, зборувајќи на нивниот јазик“ – велат од Пелистерка.
Во моментов, македонската вода Пелистерка со соодветна етикета, може да се најде низ маркетите, кафулињата и рестораните во: Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Естонија, Романија, Германија, Америка, Австралија, Кина и Канада. И покрај тешката 2020 година која што ги погоди сите, но особено секторот во кој што работиме ние, Пелистерка продолжува да отвара нови пазари за функционирање и работење. Веќе стекнатите лојални потрошувачи далеку од дома, се доказ дека квалитетот, а не потеклото, се пресудни.
*ПР објава