Македонски дизајнер изработи 100 заштитни маски за донација

Добивај вести на Viber

Овие денови често слушаме за хуманоста на светските модни куќи и дизајнери, кои се вклучија во изработката на заштитни маски.

Дека Македонија не заостанува на поле на хуманоста, докажува и македонскиот дизајнер Никола Каракашов, кој деновиве изработи околу 100-тина заштитини маски и ги подари на здравствениот дом во Пехчево.

- Еве и јас сакав да се вклучам во општокорисна работа за помош на медицинскиот персонал. Започнав со првична изработка на 100 маски за донација на здравствените работници. Исто така апелирам сите конфекции да се вклучат и одделат два дена за изработка на маски. Истите можете да си ги изработувате и дома. За инструкции исконтактирајте ме-вели Каракашов на неговиот Фејсбук профил.

- Морам да кажам јавно едно големо благодарам  од сите вработени во Здравствен Дом Пехчево за твојот хуман гест Никола Каракашов. Си дадов за право да сликам за да види јавноста дека сепак човечноста е поголема од било која друга титула. Со задоволство ќе ги носиме маските. Со твојот хуман гест им даде до знаење на многу од нас дека животот на секој еден човек е пред се друго. Во исчекување се и друга тура на маски- вели Цветанка Каракашевска од здравествеиот дом во Пехчево.

Браво за Никола, се надеваме ова ќе им даде поттик и на другите да се вклучат во оваа хумана мисија.


Неда Маретиќ