Македонски Телеком: Раст на приходите, инвестиции и ширење на 5G мрежата во првите 9 месеци од 2021
Во првите девет месеци од 2021 година, Македонски Телеком продолжува со успешното работење во сите сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 5,7проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 8.378 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 8,6 проценти, во споредба со истиот период претходната година.
Милионски инвестиции и ширење на 5G мрежата
Со инвестиција од 45 милиони евра за периодот 2021-2025 година, Македонски Телеком ја модернизира радио пристапната мрежа низ цела Македонијасо најнова опрема од петтата генерација.Во моментов, 1/3 од мобилната мрежа е целосно подготвена заобезбедување 5G услуги.
Продолжуваат и инвестициите во оптичката мрежа и расте бројот на оптички пристапи во земјата. На крајот од првите девет месеци од годинава, повеќе од 240 илјади корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.
Лидери на ТВ пазарот
Македонски Телеком повторно го потврдува лидерството на ТВ пазарот со својот удел од 34,4 проценти. Во првите девет месеци, базата на корисници е зголемена за 3,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 145 илјади корисници. Собогатите содржини и уникатното искуство на интерактивната телевизија, приходите од овој сегмент пораснаа за 3,1 проценти.
Раст во интернет, мобилни и фиксни услуги
Македонски Телеком бележи раст и во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 4,7 проценти и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 4,1 проценти во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува 195,7 илјади, а уделот на пазарот е 49,8%. Зголемен е и бројот на корисници на фиксна телефонија за 2,5 проценти и на мобилна за 5,1 проценти. И приходите од мобилните услуги во првите девет месеци од 2021 година бележат зголемување од 7,1 проценти во споредба со истиот период лани. Според сите параметри, Телеком бележи позитивни трендови во првите девет месеци од 2021 година.
Успешните резултати од нашето работење се потврда и поттик да продолжиме со континуирани инвестиции во најнапредна технологија и најдобри услуги за корисниците.
ПР објава