Македонскиот „крал“ на слатките направи торта што лебди: Никола создаде ремек дело за паметење
Младиот Никола Ристов од Струмица е вистински уметник кој креативноста ја пресликува на вистински торти.
Со неверојатна имагинација прави вкусни торти, со сликарска четка ги насликува, а ги декорира со најразлични инспирации кои изгледаат совршено. Прецизен и многу вешт, Ристов слободно може да парира на светските мајстори на торти.
Пораснал со бизнисот на неговата мајка и секојдневно експериментирал за многу работи поврзани со дизајн на тортите. Тој по завршување на факултетот за дизајн и мултумедија,морал да одлучи дали ќе почне нешто ново поврзано со дизајн или ќе го усоврша созадавањето магија, раскажа Никола.
Се усовршил до перфекција на изработка на торти, а во тоа му помогнала неговиот талент за уметност.
Инспирацијата ја црпи од разни места и секогаш тортите се различни, несекојдневни и изгледаат свежно, исполнети со финален допир на уметност.
Неговото последно ремек дело е торта со бела основа и сини шари, поставена во необична положба односно тортата буквално лебди.
Создава ремек дела од торти: Македонскиот мајстор на слатките