Македонските претставници издоминираа – ова е огромен успех: Андријана го освои 3-тото, а Мики 2-рото место на „Ѕвездите на Гранд“

Добивај вести на Viber


Синоќа заврши уште една сезона од „Ѕвездите на Гранд“, а она што е интересно е дека од најдобрите 3-ца пејачи на натпреварувањето, двата кандидати се од Македонија. Андријана Петрушовска го освои третото место, а Мики Секуловски второто.

Мики во првиот круг се претстави со песната „Зашто правиш слона од мене“, а потоа со „Македонија“ од Дадо Топиќ.

Одличен настап имаше и Петрушовска која во третиот круг се претстави со „Зајди, зајди“ и повторно сите ги остави без збор со маестралниот настап.

View this post on Instagram

A post shared by Andrijana Petrusovska (@andrijanapetrushovska)



фото:Инстаграм