Макстил со донации на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за неврологија

Добивај вести на Viber

Макстил за ЈЗУ Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби донираше ленти за мерење шеќер во крвта за пациентите погодени од Ковид-19, а на ЈЗУ Клиниката за неврологија заштитни медицински униформи за здравствениот персонал. Донацијата од компанијата соодветствува на потребите на клиниките, кои се зголемуваат од ден на ден како за пациентите така и за здравствениот персонал.

„Реалноста во која живееме и пандемијата сè уште ни ги диктира животните текови па и потребите. Здравствените работници секојдневно се исправени пред најголемиот предизвик, состојба во која секоја донација на заштитна опрема, а уште повеќе медицински препарати за пациентите се добредојдени. Во овие околности здравствениот систем сè уште е клучниот сектор каде што треба сите да вложуваме и да го помагаме. Веруваме дека оваа наша донација ќе помогне за подобрување на општата состојба“, велат од Макстил.

Лентите за мерење шеќер во крвта се неопходни за пациентите погодени од Ковид-19, заради можноста од зголемување на нивото на шеќер во крвта како последица на терапијата на која се подложени. Додека пак, новите медицински униформи беа приоритет за  здравствениот персонал на Клиниката за неврологија, којашто веќе шест месеци е Ковид центар, период во кој забрзано се трошат ресурсите неопходни за подобро справување со моменталната состојба.