Мал моден трик кој ќе ве воодушеви: Не е случајност што Кејт Мидлтон носи зелена боја толку често

Добивај вести на Viber

Дали сте забележале дека војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам најчесто ја гледаме во различни нијанси на зелена боја?

Од волшебниот смарагдно светкав фустан со кој хипнотизираше за време на престојот во Пакистан, преку фустанот што го носеше во детска болница до макси вечерен зелен фустан од тантела со кој воодушеви на свечена гала вечер, не постои варијанта на облека во која доминира зелената боја во која Кејт Мидлтон не изгледала спектакуларно.

Сопругата на британскиот принц Вилијам, како што забележаа експертите, обично ја избира оваа боја, во сите нијанси. Како што истакна специјалистката за бои, Габриела Винтерс за британски Хелоу, фактот дека Кејт ја гледаме толку често во зелена боја не е случајност. Таа објаснува дека очите на војвотката се темни, но не многу, па под одредено светло тие можат да добијат зелена нијанса.

„Таа ја носи бојата на нејзините очи често и многу успешно“, истакнува Винтерс. 

- Носењето бои што одговараат на оние бои кои ви се вродени, ќе направат да изгледате префинето, свежо и возвишено. Фактот дека Кејт носи бои што одговараат на бојата на нејзините очи ја прави да изгледа елегантно без премногу напор, таа блеска и е елегантна.

фото:profimedia
извор:GLOSSY

Поврзани вести:

-Има причина: Еве зошто Кејт Мидлтон носи сина боја од почетокот на пандемијата
-(ФОТО) Кејт Мидлтон во фустан од „Зара“ од само 700 денари