Малата Емилија со мама Марина си дојдоа дома: Кајмакоски со неговата мајка им посакаа добредојде

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски во саботата објави на социјалните мрежи дека доби ќерка. Како што напиша пејачот малото девојче ќе го носи името Емилија.

Повтоно се огласи на социјалните мрежи, со нова семејна фотографија со која им посака добредојде дома на неговата сопруга Марина и ќеркичката Емилија, со неговата мајка Ружа.

View this post on Instagram

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski)

Во претходната објава Кајмакоски објави прва фотографија од ќерката и напиша:

„Емилија Кајмакоска. Најгоелмата авантура во мојот живот штотуку започна. За мојата неверојатна сопруга Марина Кајмакоска ти навистина си нашиот херој“, напиша Кајмакоски.

Кајмакоски со неговата втора сопруга Марина, го имаат синот Стефан. Даниел Кајмакоски веќе неколку години со саканата живее во Србија.

Иако откако се пресели таму, поретко доаѓа во земјава, пејачот преку социјалните мрежи комуницира со обожавателите и споделува мигови од секојдневието.

Пејачот во месец мај направи свадбена веселба за најблиските.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Даниел Кајмакоски доби ќерка: Принова во семејството, малиот Стефан си доби сестричка