Малиот Крстан е копија на Цеца: Пејачката сподели фотока која тоа го докажува (ФОТО)

Внукот на Цецa Ражнатовиќ е нејзина копија

Крстан Ражнатовиќ, помалиот син на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, од самото раѓање веќе ги освои срцата на најблиските, а како што се појавуваат неговите фотографии на социјалните мрежи, тој маѓепсува се повеќе луѓе. 

Неговите слики на Инстаграм најчесто ги објавуваат неговата баба Цеца и тетка Анастасија. Така и денеска фолк дивата сподели фотографија од најмладиот миленик, а сите забележаа дека внукот на Цеца Ражнатовиќ личи на неа.


И додека досега најчесто го гледавме на слики на кои спие или е сериозен, денес се појави фотографија на која тој е насмеан. А, неговата насмевка ги потсети сите на онаа без која баба му Цеца никогаш не излегува во јавност.

View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)



Покрај насмевката, јасно е и дека внукот на Цеца Ражнатовиќ ја наследил нејзината форма на лицето, како и крупните темни очи, чиј сјај осветлува се околу него.

View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)



- Љубов моја, Крстан - напиша пејачката во описот на фотографијата со емотикон срце.

Цеца во една прилика ја спореди својата фотографија со онаа на Вељко, на која се гледа колку нејзиниот син личи на неа, па не е чудно што и внукот е нејзина копија.



ФОТО: Инстаграм