Актуелно // Insta вести
„Мамичке моја, да си жива и здрава“: Сања Лефкова со бакнеж ѝ го честиташе 60-от роденден мајка ѝ (ФОТО)
- 22 Февруари, 2024
Пејачката Сања Лефкова иако одамна не живее во Македонија, сепак е сè уште активна во музиката. Стана препознатлива по хитовите „Лијат години“ и „Пауза, па плеј“. Желбата за поголема музичка надградба и освојување на нови музички пазари, беа мотив пејачката пред речиси една деценија да ја напушти Македонија и да замине надвор од нашите граници.
Сепак, односите со семејството секогаш и биле одлични, а таа не заборава да ги честита важните датуми. Па така и овој пат, со фотографија на која ја бакнува својата мајка, Сања го честиташе роденденот на една од најбитните личности во животот.
- Мамичке моја, среќен 60-ти роденден, да си ми жива и здрава!
Фото:Инстаграм