Мамини синови: Сања Ристиќ го ужива секој момент со синовите Иан и Део

Добивај вести на Viber

Инфлуенсерката Сања Ристиќ го ужива секој момент со нејзините синови Иан и Део...

„Мамин син“ и „Ти си моето сонце“ се зборовите кои Сања ги напиша на фотографиите со нејзините синови.

Иан има 7, додека помалиот Део веќе наполни цело раче годинки.

Во една прилика Сања на фотографија со синовите напиша: „Они двајца! За овој живот доста ми е!“.

Инфлуенсерката и специјалист за маркетинг синовите ги има од бракот со поранешниот ракометар Дејан Пецаковски со кој се разведе.

Сања сега ужива во љубовта со нејзиниот нов партнер поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

Повеќе не ја кријат нивната љубов и објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм