Мамо, живеј ми уште долго, долго... јас не знам како е да се живее без тебе

Добивај вести на Viber

Мама има 65 години. Таа ми носи крушки и јаболки и ми зборува извинувајќи се: „Не се баш убави на изглед, но се многу вкусни. И не се прскани, од нашата градина се. Земи, знам дека сакаш...“

И јас земам. Земам и сирење. Затоа што го сакам сирењето од мама. Излегувам, седнувам во кола, и заминувам.

И пак некаде тргнувам. Брзам. Ги менувам градовите и временските зони. Доаѓам кај мама кога можам. По сите свои обврски. После кафе со другарките, и маникир во салон.

И донесам нешто вкусно, брзо ја прашам како е, што има ново, нестрпливо ја сослушам (па што може да биде ново кај неа и кај тато), иронична сум по нејзините прашања, за мене безначајни, проблеми и грижи. И повторно заминувам-трчам кон своите обврски.

Мајка ми секогаш ќе ми каже дека одам слабо облечена, не го чувам грлото, затоа и кашлицата не ми поминува. Ќе ми каже дека работам многу, и време е да се смирам. Ќе се сложи со мене дека животот е комплициран, и дека не е страшно што не можам често да доаѓам кај неа.

А живееме 20 километри една од друга. Ја повикувам редовно, и ги слушам нејзините детални приказни за пазар, за сестрата на која и е тешко сама на село, за тоа дека доматите не родиле, дури ни зелен, било суша, дека нашата мачка ја нападнал песот на соседите ...

Мене не ми е интересно. И ми се чини, дека во нејзиниот живот, не се случува ништо важно. Ќе се налутам малку кога ми се жали на своите бројки, а јас ја молам, молам да оди на лекар, а таа само одмавнува. Но, јас не сум доктор, од каде да знам какви лекови, на крајот на краиштата треба да пие?!

Мајка ми, одеднаш, така жално ќе ми каже: „Па кому да му се пожалам, ако не тебе ...“ 

И јас занемам, држејќи ја телефонската слушалка во рака, и сфатам дека сум многу неправедна. И дека овој нејзин глас во слушалката, и сите нејзини зборови, и сите наши вечни расправи за тоа која од нас е во право и нејзините мрмкања, и моите оправдувања-се тоа е и нашиот живот. Оној, кој е овде и сега ...

Скокам, возам до неа „непланирано“, таа успева да ми испече лепчиња, тато ми нуди да се напијам чаша од нашето домашно вино. Вино не можам. Возам. Тој пие сам, го фали своето вино. Се смееме ...

Се замоткувам во шалот на мајка ми, ладно е. Мајка ми брзо става дрва во печката. И јас, повторно сум, мало безгрижно, задоволно девојче. И се е вкусно. И топло. И нема никакви проблеми...

Мамо, мамо, само уште долго поживеј ми, бидејќи не знам како е да не го слушнам твојот глас, како е без твојата кујна и топлина во домот која ти ја создаваш...Јас не знам како е тоа-да се живее без тебе ....