Марија Груевска се пресели во Германија: „Не ми се допаѓа овде - Балканот е најдобар“

Добивај вести на Viber

Последните неколку месеци за поранешната учесничка на „Ѕвездите на Гранд“ Марија Груевска беа многу посебни, но по малку турбулентни. Покрај тоа што му вети вечна љубов на својот избраник Синиша, пејачката направи и голем чекор во животот.

На општо изненадување Марија ја напушти Македонија и се отсели неколку илјади километри од родното место.

- Се преселив во Германија, но да бидам искрена не ми се допаѓа овде. Во последно време размислувам да се вратам назад, бидејќи Балканот е најдобар. Таму сум навикната, но и сите сме таму - изјавила пејачката за Гранд, иако не сакала да ги открие причините за преселбата во друга земја.

Затоа многумина беа загрижени дека Груевска ќе го закачи микрофонот на колче, но како што тврди, тоа никогаш нема да се случи бидејќи музиката е нејзината најголема љубов.


- Снимам две песни кои се надевам дека ќе успеам да ги завршам и да ги објавам до почетокот на летото. Нетрпелива сум публиката да ги слушне, но од друга страна сакам се‘ да подготвам темелно како и секогаш. Во секој случај, ако нешто се промени во меѓувреме, веднаш ќе ве известам (се смее) - се пошегува Марија, а оваа го рече на прашањето дали се променило нешто во нејзиниот брак:

-Не, уште не!- одговорила пејачката со насмевка.

Да потсетиме, Марија Груевска пред да донесе одлука да ја напушти Македонија го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Синиша и приреди гала свадбена веселба која траеше неверојатни седумдесет и два часа.

- Генерално, најголем впечаток ми оставија колегите и пријателите, без кои прославата немаше да биде толку совршена, но и самата свадбена декорација, бидејќи се беше на отворено и во природа. Немавме ограничувања, славевме до сабајле. Почнавме во петокот, дремевме малку и продолживме до недела (се смее) - изјави Марија во таа прилика за Гранд.


Фото: Инстаграм - Марија Груевска/Youtube - screenshoot

Кога сум во негова близина треперам како да го сретнувам одново: Марија Груевска за љубовната приказна со Синиша и за свадбата со 600 гости