Марија Килибарда бремена во петтата деценија: По долгата борба за потомство ќе стане мајка за прв пат

Добивај вести на Viber

Марија Килибарда и нејзиниот избраник Бранислав Бане Вучелиќ наскоро ќе станат родители

Познатата српска водителка која има 43 години е пресреќна што по долга борба за потомство со избраникот, остана бремена и се чувствува одлично, а парот ќе добие девојче!


Инаку, Марија е во врска со Бранислав Вучелиќ четири години и не крие колку е среќна. Иако јавноста долго време не знаеше дека тој е син на актерката Љиљана Драгутиновиќ и Милорад Вучелиќ, тој го освои срцето на убавата водителка, а таа на сите јасно им дава до знаење дека го нашла тоа што го барала со години, а откако дознале дека е во блажена состојба, на нивната среќа и нема крај.

Извор: kurir.rs