Марија пееше хуманитарно за Миња: Сега заедно уживаат на плажа во Америка (ФОТО)
Српската пејачка Марија Шерифовиќ моментално престојува во Америка каде малата Миња Матиќ се лекува токму благодарение на хуманитарниот концерт кој пејачката го организираше, а сега тие две заедно уживаат на плажа.
Имено, Марија веќе некое време престојува во Америка, веќе и беше во посета на малата Миња, а овој пат тие две уживаат заедно на сонце, на плажа, пејачката со кафе, а малата Миња со супа со кнедли.
-Нема навистина смисла само јас да се сончам и капам. Јас кафенце, Миња супа со кнедли и Бог да не види - напиша Марија во описот на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи.
Шерифовиќ пред неколку дена прв пат ја посети Миња во Америка, а при таа прилика на девојчето му упати силни зборови и даде ветување кое сигурно сите едвај чекаат Марија да го исполни.
-Љубовта раѓа херои. Каков змеј е оваа малечка. Не можете вие тоа ни да го замислите. Обожава играчки, а Нутела уште повеќе. И кога се ова ќе биде минато - Миња еве јас јавно ти ветувам дека ќе бидеш прва личност со која ќе истрчам цел круг околу нашите Шумарици-напиша Марија минатата недела.
На почетокот на декември Марија одржа маратонски хуманитарен онлајн концерт, со цел да ги собере сите што можат, за да и помогнат на малата Миња Матиќ во борбата со болеста - мускулна атрофија на 'рбетниот столб, а хуманите гледачи го следеа концертот и донираа пари за лекувањето на Миња.
Фото: Инстаграм
Поврзани вести
За првпат ѝ беше тешко да пее: Шерифовиќ со онлајн концерт собираше пари за лекување на болно девојче