Маријана, сестрата на Росана си порача торта за роденден онлајн во Австралија: Се шокираше што доби (ВИДЕО)

Поранешните пејачки ѕвезди Маријана и Росана вчера славеа роденден. 

Како што е редот, роденден без торта не е роденден, а Маријана со пријателите сподели несекојдневно искуство кое го доживеала токму на денот на нејзиниот роденден.

Имено, на Фејсбук , Маријана откри дека решила тортата да ја нарача онлајн, и од истата се воодушевила.


-Се воодушевив, многу е убава“ - рече таа притоа покажувајќи во раце мало кутивче спакувано роденденски, но во истото може да се каже дека се наоѓало само едно парче од цела торта.

Тортата која ја добила, бил шок а за истата како што раскажува Маријана ѝ рекле дека ја праќаат на луѓе кои имаат висок шеќер. Маријана во целата ситуација се пошегува на нејзина сметка, а на сите други им порачува да внимаваат што порачуваат од Интернет.