Марина е постарата сестра на Лидија Вукиќевиќ: Младоликоста им е заштитен знак – кој би помислил дека е во 7-ма деценија?
Малкумина знаат дека познатата актерка Лидија Вукиќевиќ има сестра
Лидија Вукиќевиќ сите ја знаеме најдобро по улогата на легендарната Виолета Попадиќ од безвременската серија „Бољи живот“. Популарната Вики во три наврати е прогласувана за најубава актерка, а денес, три децении по шоуто, изгледа беспрекорно.
Многумина велат дека Лидија, родена во 1962-ра година, може да го запре времето поради својата младоликост. Заносната актерка и политичарка често може да се види како објавува фотографии на Инстаграм, на кои се гледа дека и во седмата деценија има едноставно совршена линија.
За Лидија отсекогаш се пишуваше многу во медиумите, но малкумина знаат дека убавата актерка има и постара сестра. Нејзиното име е Марина Џелетовиќ и штом ја видите сфаќате дека младоликоста е нешто што е во гените на семејството на Лидија и Марина. Кога некој ќе ги види овие две сестри, тешко дека би рекол дека влегле во седмата деценија од животот.
Помеѓу Лидија и Марина владее голема почит и љубов, што актерката знае јавно да го каже на многу убав начин.
- Сестра - именка без заменка. Ти благодарам што ме поддржуваш кога грешам, ти благодарам што ме заштити и ме направи силна. Фала што ме насмееш кога сум намуртена, благодарам што ме врачаш на вистинскиот пат кога ќе ја изгубам мојата карта. Ти благодарам што секогаш си тука. Те сакам – напиша Лидија за сестра си на Инстаграм.
Извор: glossy.espreso.co.rs