Мартина почина пред очите на ќерка си ден пред прославата на првиот роденден: Свекрвата ја удри со автомобил

Добивај вести на Viber

Мартина живеела во Германија со сопругот и ќерката, но се вратила во Италија за да го прослави првиот роденден и крштевката на својата ќерка. Прославата се претвори во трагедија

Целата заедница е во шок по трагичната смрт на младата мајка во населбата Филгине Валдарно во областа Фиренца, Италија.

Мартина Бреши (31) настрада кога по грешка во неа удрил автомобил со кој управувала нејзината свекрва.

Трагедијата се случи во саботата, ден пред големата прослава на 1-виот роденден и крштевката на ќерката на Мартина.

Мартина, нејзината ќерка и свекрвата (66) пазареле во центарот на градот и ги завршувале последните подготовки пред важната прослава. Мартина, сопругот и ќерката штотуку се вратиле од Германија, каде поминуваат дел од годината на работа.

По враќањето дома, нејзината свекрва седнала зад воланот, додека ќерката на Мартина била на задното седиште. Мартина отишла зад возилото да ги стави работите во багажникот.

Што се случило потоа сѐ уште е тешко да се разбере, не е сигурна ниту полицијата која интервенирала по несреќата.

Автомобилот ненадејно тргнал во рикверц, удирајќи ја Мартина и таа била исфрлена на тротоарот. Таа починала на лице место, пренесува „Corriere della Sera“.

Службите за брза помош кои пристигнале на местото на несреќата не можеле да направат ништо за да ѝ го спасат животот.

Мартина била прогласена за мртва пред очите на шокираната свекрва и нејзината ќерка, која само ден претходно наполнила една година.

Свекрвата во шок била пренесена во болница.

Шокантната смрт на младата мајка ја шокираше целата заедница, а прославата се претвори во трагедија.

Мартина е погребана, но не е наредена обдукција.

Од досега реконструираното, се чини дека автомобилот со автоматски менувач бил запрен на благ наклон кога се случила трагедијата.

Извор: Telegraf.rs