Математика од раѓање сум „тапа“: Игор Џамбазов ја отвори училишната книшка од 78-ма година

Добивај вести на Viber

Во екот на летниот училишен распуст и земање на свидетелствата со крајните оценки за завршена училишна година, легендарниот Игор Џамбазов се присети на своето детство. Далечната 1978 година кога тој бил ученик во гимназијата „Георги Димитров“, прва година прво полугодие, покрај сите петки, во училишната книшка се забележуваат една тројка и една четворка.

За себе вели дека математиката и англискиот не му оделе баш најдобро, особено математиката за која од раѓање е „тапа“.

Сепак и покрај не толку добриот успех по одредени предмети, Џамбазов има и тоа како богата и успешна кариера како актер, музичар, писател на едни од најчитаните книги во Македонија, шоумен, водител... Неговиот живот е една интересна и интригантна приказна, за која секогаш секој сака по нешто да слушне.


Фото: IgorDzambazov/facebook