Ме мотивираат луѓето кои низ животот успеале да се издигнат од „пепелта“: Утринско кафе со Спасе Јовановски
Доколку сум прва смена на работа во мојата матична куќа “Сител“, тогаш денот за мене почнува во 5 часот наутро. Станувам, неколку минути се растегнувам и влегувам под туш. По тушот следи едно јако еспресо кое го пијам со татко ми, бидејќи тој ми е “бек ап аларм“ доколку не го чујам алармот.
А кога сум втора смена, денот ми започнува некаде по 9 часот, пуштам кафе, без разлика на временските услови отварам широко прозорците и кафето го пијам сам гледајќи кон убавиот поглед кој го имам.
Кога сум слободен и немам никави обрвски, ролетните се спуштени, во собата е целосен мрак нема никаков звук, и станувам по 12 часот.
Мотивацијата најчесто ја наоѓам во музиката, филмот... Генерално во уметноста, но и во луѓето кои низ животот успеале да се издигнат од “пепелта“ и на мнногумина да послужат за инсприрација и мотивација.
Покрај обрвските во “Сител“ со временската прогноза, јас стојам како извршен продуцент на инстаграм профилот на мојата блиска другарка Лила Филиповска. Таму сум задолжен за фотографиите, видеата, локациите каде што ќе бидат снимани тие материјали, претходно секако состаноци со клиентите за кои работиме.
Вечерта најчесто ја минувам со најблиските, дали тоа ќе биде некоја седенка со квалитетен муабет и вино, вечера, или пак кино, прошетка.... Се помалку одиме по кафулиња навечер и по некои забави, можеби е до годините а можеби и се е тоа веќе издегустирано и досадно. Денот најчесто ми завршува со туш и секако мојот кревет 2 на 2 (се смее).
Искрен да бидам, сѐ уште ја немам таа навика да седнам и редовно да читам книги, наместо тоа ја гледам нивната екранизиација.
Уживам да гледам филмови, тука е секако “Нетфликс“ каде што ги гледам и омилените серии. Последен филм кој што го гледав е секако хитот “ТОМА“. А за препорака имам многу филмови кој сака да му препорачам може слободно да ми пише на инстаграм.
(*Спасе Јовановски-Тв презентер)