Ме остави пред олтар и сите мислеa дека полудев: Приказна која ќе ве расплаче

Добивај вести на Viber

Облечена во венчален фустан, американката Кејти Колинс стоеше пред олтарот и го чекаше својот младоженец, но тој никогаш не се појави. Нејзината долгогодишна љубов ја остави на денот на вечавката, вели приказната која ја пренесе „Дејли Мејл“.

Скршена од срам и од болка, Кејти купила авионски билет во еден правец за Југоисточна Азија. Не знаела што ја чека кога трганала во обиколка на Тајланд, Индија и Непал и оти на патувањето ќе го оствари својот детски сон, да стане писател. 

„Сите мислеа дека сум полудела. Не можеа да разберат како сега јас самата ќе патувам по светот, а јас всушност си се пронајдов себе си“, изјави Кејт за „Дејли Мејл“.

Приказни од своите патешествија, таа редовно објавувала на нејзиниот блог наречен: „Не сум мажена, не сум ни мртва“. Овој блог, набрзо стана голем интернет хит. 

„Луѓе кои го читаат мојот блог постојано ми праќаа мејлови со поддршка. Добивав и пораки од жени, но и мажи кои исто така биле оставени пред олтар, а јас сум им станала инспирација. Ако си оставен, тоа не мора да значи дека треба да се сожалуваш и да јадеш големи колични на сладолед“, додаде Кејт. 

Таа почнала со неколку поглавја, без да планира дека тоа е почеток на нов роман. „Целта ми беше да ги пренесам впечатоците за тоа како го доживеав Таџ Махал, како пешачев на подноќјето на Хималите, и едноставно сите овие приказни ги претворив во книга. Голема промена се случи кај мене од пред 5-6 месеци кога размислував за бракот. Ова е мојата втора шанса која решив да ја искористам“, раскажала писателката.

Денеска е среќно мажена и го очекува второто дете 

Од тогаш, таа со ранецот на грб патува по светот. Беше на патување по Јужна Азија шест месеци, а потоа живееше во Франција предавајќи англиски јазик. Живееше во мало француско рибарско село кога доби понуда за издавање на книгата.

„Иронијата е во тоа што понудата за издавање на книгата ја добив на истиот ден кога дечкото ме остави пред олтар, само три години подоцна. Тој повик беше награда што бев храбра и горда и почнав да живеам живот каков што од секогаш сум сакала“.

Нејзиниот прв роман публиката го нарече „Бриџит Џонс на пат“. 

Денес, таа е среќно мажена, мајка е на една ќерка и бремена е со второ дете.