Ме плаќаа 1.500 евра неделно, сега би ми било срам: Исповед на славната пејачка

Прва асоцијација кога ќе се спомене Марина Перазиќ (61) е безвременскиот хит „Колачичи“, песна која и денес се врти на многу регионални радиостаници. Важеше за секс-симбол во поранешна Југославија, публиката се’ уште ги пее нејзините хитови од 80-те како „Јас сам лажлива“ и „Соба 23“.

Пред една и пол година, Перазиќ од Нови Сад повторно се врати во родната Ријека, најмногу за да му биде поддршка на татка си, 87-годишниот Тома. Не крие дека поради финансиски проблеми дури трипати партиципираше во реалното шоу „Фарма“, па успеа да стигне и до суперфиналето.

- Во еден момент ја запоставив кариерата за да им се посветам на децата. Тие пари ми помогнаа да решам многу егзитенцијални прашања. Бев исклучително добро платена. Добивав 1.500 евра неделно. Еве и сега ме викаат да учествувам во „Задруга“, но не ми се допаѓа тој концепт - искрена е пејачката во интервјуто за „Слободна Далмација“.

Важеше за секс-симбол во поранешна Југославија

Од врската со Фирчи, тапанарот на култниот белградски состав „Екатерина Велика“ ги има ќерките Мија (27) и Луна (24). Ги роди во Њујорк каде што престојуваше цели девет години.

- Не ми е жал што никогаш не застанав пред олтар. За мене бракот е застарена форма. Не гледам смисла во лист хартија ако двајца се сакаат. По преселувањето во САД сфатив како е да се биде граѓанин на планетата Земја. Ми годеа тие комотни прошетки на улица без никој да ме препознае. Ми годеше таа анионимност. Знаете, никогаш не сонував дека ќе бидам пејачка. Додека студирав, случајно се фатив за микрофон и снимив албум - раскажува Перазиќ.

Во мај наполни 61 година 

Иако влезе во седмата деценија, вели дека годините не ја оптеретуваат. Често танцува и практикува јога.

- Мајка ми почина од рак на дојка и затоа настојувам преку различни методи, најмногу преку биоенергија да си ја одржувам стабилна здравствената состојба - нагласува таа.