Ме сакаш, не велам не...
''Се откажав уште дента кога се освестив, дека целиот живот си ја љубел само мојата убава страна.''
Ме сакаш, не велам не.
Ме сакаш, како јас тебе.
Се сакаме двајцата.
И во сабота вечерта, со вискито во рака,
и во недела наутро, со утринското црно кафе.
Се сакаме, не толку многу колку што знам
да напишам како во приказните,
ама колку доволно за една љубов да се продаде,
на широкиов евтин пазар, наречен живот -
Доволно е.
Ме сакаш, и се радувам.
Ме сакаш се дури не ти се развикам.
Се дури не ти ја покажам другата страна од мене.
Се дури не ти удрам шлаканица со зборови.
Ме сакаш се дури не ме видиш како ти плачам,
а потоа како ти велам да си одиш, ама сеуште те сакам.
Ме сакаш, се дури не ти ја покажам мрачната страна.
Затоа што, се научи да ме сакаш среќна и само среќна.
Ама, тоа не оди така.
Ме сакаш кога се смеам, и тоа ме радува.
Ама кога ќе дојдам до точка на кулминација,
си одиш.
И тогаш сфаќам.
Ти целиот живот си ја сакал мојата убава страна.
Мојата среќна страна.
Си ме љубел како месечината.
Само едниот дел од неа.
Поточно, на половина си ме љубел.
А во љубовта, тоа не е љубов.
Затоа, сега на време ти велам, оди си.
Оди си, затоа што не знаеш да ме љубиш целата.
Ми треба некој што ќе ме сака
и мртва пијана
и нерассонета
и малку здебелена
и малку ослабена
и повеќе тажна
и помалку среќна
и грда наутро,
и грда после полноќ,
и со кал на мене,
и неизмиена цело време,
и депресивна малку,
со некоја насмевка на мене.
И без волја за живот,
за ти да бидеш тој што ќе ми ја даде волјата.
А вака, откако дознав дека не ме сакаш цела,
оти ти е убаво само едната страна да ми ја сакаш,
се откажав.
Се откажав уште дента кога се освестив,
дека целиот живот си ја љубел само мојата убава страна.
За Женски Магазин, поетот Јован Илиески
Инстаграм: @ilieski_quotes