НА ГРАНИЦА МЕ ПРЕТРЕСУВАА ЦЕЛ ЧАС: Влатко Стефановски се сеќава на младоста

Добивај вести на Viber

Влатко Стефановски вечерва ќе одржи концерт на храватскиот остров Бриони. За хрватскиот весник Вечерњи лист, Стефановски изјави дека е возбуден што ќе свири во овој магичен простор во кој владее тишината. Гитарскиот виртуоз, во интервјуто откри и интересни детали од младоста.

„ Кога имав 19 години, за прв пат отидов во Лондон за да си ја купам гитарата „Гибсон“. На граница, ме соблекоа речиси сосема гол, затоа што бев вистински млад хипик. Откако ме претресуваа цел час, сфатив дека не сум добредојден, и заклучив дека не сакам да се туркам никаде. Ниту да се обидувам да градам кариера во Њујорк, ниту да мијам чинии во тајландски ресторан. Нема шанси. Ја почитувам својата работа и талент и никогаш со сила нема да ја наметнувам мојата уметност“, одговори Влатко на прашањето зошто и покрај светските успеси кои ги има, тој сепак останал во Македонија.

„Кога и да ги видам луѓето кои отишле надвор, колку и да имаат среден живот, чуствувам дека нешто им недостига, родната грутка“, додаде тој.

Концертот на Бриони е дел од европската турнеја на Влатко на која го промовира новиот албум „Мајчин јазик“, кој лани го издаде „Кроација рекордс“.