Медиски трендови
Кога станува збор за медиските трендови за 2019 клучниот поим е промена.
Промени се случуваат на сите медиуми – линеарната телевизија се дополнува со Over-the-top телевизија. Over-the-top се однесува на персонализирана технологија, гледање на наше барање, индивидуелна содржина, без реклами но и модели со персонализирани реклами. Сето тоа е поради фактот дека се повеќе и повеќе луѓе се поврзани со мобилен телефон.
Кога станува збор за мобилните телефони, со оглед на тоа дека на глобално ниво од 1,2 милијарди луѓе веќе имаат смарт телефон, а во Србија, речиси 65% од населението, маркетингот преку мобилните телефони станува задолжителен. Тоа значи дека содржината што ја пласираме треба да се прилагоди и за малите екрани во визуелна смисла, и во брзината на вчитување.
Промени се случуваат и на интернетот. Вертикалните видеа стануваатнешто стандардно, вниманието на публиката е се пократко и со тоа огласувачите имаат можност да ја таргетираат публиката во микро-моменти преку пократки реклами (snack adds). Инфлуенсеритеи понатаму ќе зазимаат голем дел од дигиталниот пазар, но она што е ново, е поголем број на микро инфлуенсери но исто така и фокус кон перформанс кампањи и попрецизни мерења.
Самиот модел на рекламирање се менува. Со помош на блокчејн, посредникот полека се исфрла иогласувачите ќе можат директно да го купат вниманието на нивните корисници.
Во некои сегменти, иднината доаѓа полека: интернет пребарувањето кое сега е на врвот, полека ќе се движи кон визуелно и аудио пребарување.