Мега популарни се на Инстаграм: Зошто се посебни хулахопките Шанел?

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Profimedia и Инстаграм/emilisindlev

Една година подоцна, тие се‘ уште се најпопуларните хулахопки на Инстаграм

На почетокот на минатиот март, додека живеевме безгрижно и не знаевме што ќе ни донесе пандемијата, Шанел претстави уникатно парче на својата ревија есен/зима 2020 година.

Моделите одеа по пистата во костими и кожни чизми, додека овие шик хулахопки со логото на Шанел беа видливи под секоја облека. Оттогаш па се до денес, тие останаа омиленото парче на модните блогерки на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek)


Тие можат да се носат подеднакво во дневни и вечерни прилики, во зависност од тоа дали сакате да постигнете лежерен или елегантен изглед. Секако, здолниште или фустан е задолжително, со цел ова парче да се истакне.

Иако ги има само во продавниците на Шанел, се шпекулира дека наскоро ќе бидат достапни и во онлајн продавниците.

View this post on Instagram

A post shared by bella thomas (@bellathomas)


Дотогаш, инспирирани сме од изгледот на стајлингот!


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Удобни и практични: Мокасините ќе бидат модно парче број еден во претстојната сезона (ФОТО)